Рачно изработени црковни торбички
Нашите торбички се рачно изработени со големо внимание, љубов и посветеност кон традицијата. Направени од квалитетни материјали и украсени со прецизни везови и црковни мотиви, тие се идеални за црковни потреби, подароци или свечени пригоди.
Секоја торбичка е уникатен занаетчиски производ – нежна, издржлива и практична. Погодни се за чување крстови, бројаници,просфора,подароци за крштевки, венчавки или други духовни свечености.
Доколку сакате производ кој истовремено пренесува духовност, традиција и уметноста-овие торбички се вистински избор.