Изнајмување на деловен простор во Diamond of Skopje – Carat office – современ, луксузен објект лоциран во центарот на главниот град кој е дел од мултифункционален комплекс што овозможува канцелариско работење, комерцијални активности, угостителски услуги и домување на исто место.
Работењето во овој ексклузивен бизнис центар овозможува:
• Брз пристап до банки, државни институции и корпоративни клиенти
• Пешачка близина до плоштад Македонија, Камениот мост и старата чаршија
• Директна врска со Diamond Mall - со одлична понуда на ресторани и продавници
• Одлична поврзаност со јавен превоз и главни сообраќајни артерии
• Безбедна, активна и инспиративна урбана средина за раст и развој
Расположиви површини:
• East Side: 2 x 1700 м²
• West Side: 1 x 1125 м²
• Central Zone: 5 x 850 м²
Просториите се флексибилни и лесно се адаптираат на различни типови деловна активност.