Луксузна, модерна и пространа семејна куќа 429м2 со приватен базен и уреден двор – достапна за изнајмување во Тафталиџе.
Оваа модерна куќа е комплетно опремена и сместена на мирна локација во Тафталиџе, идеална за семејно живеење.
Нуди комфор, приватност и внимателно организиран простор – создаден за удобен секојдневен живот и вистинско уживање.
Комплетно е опремена и располага со:
Пространа дневна соба поврзана со трпезарија
Пет спални соби
Пет тоалети
Балкон што се протега на двете страни од куќата, со отворен поглед кон југ
Базен со платформа и систем за автоматско отворање и затворање
Надворешна летна кујна
Теретана
Сауна
Изолирана просторија погодна за домашно кино или музичко студио
Остава и подрумски простории
Обезбеден е сопствен паркинг простор за пет возила, а опремена е со соларен систем, енергетски ефикасен систем за греење и ладење преку водни пумпи, што овозможува ниски годишни трошоци и еколошки бенефит.
Дворот е хортикултурно уреден, создавајќи пријатна атмосфера за одмор, семејни активности и дружење на отворено.
Овој имот претставува идеална можност за оние што бараат квалитетен дом со приватност, простор и современи решенија во еден од најбараните делови на градот.