Станот се наоѓа во една од најелитните згради во Скопје, покрај Вардар спроти Градски парк. На само 5 минути пеш до заеднички двор со повеќе од 1.000 м², од каде што се излегува на велосипедска патека на кеј, фитнес справи и детско игралиште. Станот е на високо приземје и е изграден и опремен според највисоки стандарди, со сопствено парно греење, два големи и три мали радијатори, и две инвертер клими. Подот е обложен со дабов паркет, а бањата е опремена со квалитетна санитарија. Има и подземна гаража со површина од 18 м².
Станот може да се користи и како деловен простор.