Стан во Козле

Остави прва реакција
Тип на оглас
Тип на оглас
Се продава
Површина
Површина
125 m²

Општи Карактеристики

Број на соби
4
Бањи
2
Кат
2
Опременост
Неопремен
Спални соби
3
Паркинг
Можност за паркинг

Опис

Се продава 2-ри спрат од куќа во населба Козле, на улица Пијанец во близина на Канела.

Извонредно добра локација каде што местото е мирно, нема бучава, фреквенција на возила е мала, каде што воздухот е почист и посвеж бидејќи е под падините на Водно и е во близина на градинка, училиште, маркет, автобуска станица итн.

Местоположбата на куќата е одлична, на оддалеченост од центарот на Скопје за 2.5км.

Спратот од куќата се продава во форма на карабина со целосно испуштена електрична инсталација, готова фасада, квалитетна дрвена столарија.

Спратот е од исклучително квалитетна градба: масивни бетонски плочи (со две зони арматура), бетонски потпорни платна, минимални бетонски косини на таван за поголема светлост и пространост, природна воздушна изолација на таван, сендвич ѕидови (цигла+5цм тервол+цигла) и дополнителна изолација од надвор 5цм стиропор фасада, квалитетна дрвена столарија.

Станува збор за идеален фамилијарен стан со можност за уредување по сопствен вкус и мерак.

Распоред на спратот: пространа дневна+тераса, кујна+балкон, ходник, гостински тоалет со прозор, главно купатило со прозор, втор ходник, спална соба+балкон, втора спална соба, трета спална соба+голем балкон.

Можност за купување на паркинг место во подземна гаража.

Views Icon342 прегледи
Calendar Icon8 јули 2026, во 15:56
Views Icon342 прегледи
Calendar Icon8 јули 2026, во 15:56

© 2026 SeProdava.mk. Сите права задржани.