Услови за користење
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ И ОГЛАСУВАЊЕ
1. Воведни одредби
Овие Општи услови за користење и огласување (во понатамошниот текст: „Општи услови“ ) ги уредуваат правата и обврските кои произлегуваат од користењето на услугите на веб-страницата seprodava.mk (во понатамошниот текст: „Веб-страницата“), која е во сопственост и управувана од Друштво за маркетинг и услуги СЕПРОДАВА ТОЧКА КОМ ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул.Беласица бр.2А1-1-5 Скопје-Гази Баба, ЕМБС: 7754159, ЕДБ: 4043024537868 (во понатамошниот текст: „Давател на услугата“).
Со пристапување, регистрација и/или користење на било која услуга на Веб-страницата, секое физичко или регистрирано правно лице (во понатамошниот текст: „Корисник“) потврдува дека е запознаено со овие Општи услови, дека целосно ги разбира и безусловно ги прифаќа. Овие Општи услови претставуваат договор помеѓу Давателот на услугата и Корисникот.
Сите односи помеѓу Давателот на услугата и Корисникот кои не се уредени со овие Општи услови ќе бидат регулирани со важечките прописи на Република Северна Македонија.
2. Дефиниции
Одделни поими употребени во овие Општи услови го имаат следново значење:
- Веб-страница: Интернет платформата достапна на доменот seprodava.mk, која овозможува објавување и пребарување на огласи.
- Давател на услугата: Правното лице Друштво за маркетинг и услуги СЕПРОДАВА ТОЧКА КОМ ДООЕЛ Скопје кое ги обезбедува услугите преку Веб-страницата, согласно Законот за електронска трговија.
- Корисник: Секое физичко или регистрирано правно лице кое ја користи Веб-страницата и се смета за „примател на услугите“.
- Оглас: Комерцијална комуникација објавена од страна на Корисник на Веб-страницата, со цел продажба, купување или изнајмување на производ, услуга или право.
- Услуга: Сите услуги кои Давателот на услугата ги нуди преку Веб-страницата, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, можност за регистрација, објавување, пребарување и комуникација во врска со огласи.
3. Услови за користење и регистрација
За користење на услугите на Веб-страницата, Корисникот мора да биде полнолетно физичко лице со целосна деловна способност или уредно регистрирано правно лице.
За објавување на огласи, Корисникот мора да креира кориснички профил (регистрација) со внесување на точни, целосни и ажурирани податоци, вклучувајќи валидна адреса на е-пошта.
Корисникот е целосно одговорен за безбедноста на својата лозинка и за сите активности кои се случуваат преку неговиот кориснички профил. Корисникот е должен веднаш да го извести Давателот на услугата за секое неовластено користење на неговиот профил.
Давателот на услугата го задржува правото да одбие регистрација или да суспендира/избрише кориснички профил доколку Корисникот ги прекрши овие Општи услови или ги злоупотребува услугите на Веб-страницата.
4. Правила за огласување
Корисникот кој објавува оглас е целосно одговорен за неговата содржина и точност. Со објавување на огласот, Корисникот гарантира дека има право да го продаде или понуди предметот или услугата и дека содржината на огласот не повредува права на трети лица.
5. Забранета содржина: Строго е забрането објавување на огласи кои содржат:
а) Незаконски производи и услуги: Стоки и услуги чиј промет е забранет со закон (оружје, дрога, украдени предмети, фалсификувани производи и сл.).
б) Повреда на интелектуална сопственост: Содржини кои го повредуваат авторското право или сродните права на трети лица, како што е дефинирано во Законот за авторското право и сродните права, вклучувајќи неовластено користење на фотографии, текстови или трговски марки.
в) Измамнички и нечесни трговски практики: Лажни, невистинити или заведувачки информации за производот, неговите карактеристики, цена или потекло. Ваквите практики се забранети согласно Законот за заштита на потрошувачите и се дефинирани како „измамнички трговски практики“.
г) Дискриминација и говор на омраза: Содржини кои поттикнуваат или шират дискриминација, нетрпеливост или омраза врз било која основа, како што е забрането со Законот за медиуми.
д) Лични податоци на трети лица: Објавување на лични податоци на други лица без нивна изречна согласност, што е спротивно на Законот за заштита на личните податоци.
ѓ) Порнографска содржина: Објавување на порнографски материјали.
6. Категоризација: Корисникот е должен да го постави огласот во соодветната категорија на Веб-страницата. Забрането е објавување на ист оглас во повеќе категории.
7. Права и обврски на Давателот на услугата
Давателот на услугата се обврзува да ја одржува Веб-страницата функционална и достапна за Корисниците, но не гарантира непрекината работа без технички проблеми или прекини.
Давателот на услугата има право, но не и обврска, да врши преглед на содржината на огласите. Давателот на услугата го задржува правото да го отстрани, без претходно известување, секој оглас кој е во спротивност со овие Општи услови или со важечките закони. Давателот на услугата не одговара за содржината на податоците складирани на барање на Корисникот, под услов да не знаел за нелегалната активност и веднаш штом дознае, да дејствува за нејзино отстранување.
8. Права и обврски на Корисникот
Корисникот се обврзува да ја користи Веб-страницата во согласност со овие Општи услови, важечките закони и начелото на совесност и чесност од Законот за облигационите односи.
Корисникот е единствено одговорен за сите трансакции и договори кои ги склучува со други Корисници преку Веб-страницата. Сите спорови кои произлегуваат од таквите трансакции се решаваат директно помеѓу засегнатите Корисници.
Корисникот се обврзува да не презема дејствија кои можат да ја загрозат безбедноста или функционалноста на Веб-страницата, како што се дистрибуција на вируси, спамирање или други злонамерни активности.
9. Заштита на личните податоци
Давателот на услугата ги собира и обработува личните податоци на Корисниците во согласност со Законот за заштита на личните податоци и во согласност со Политиката за приватност на Веб-страницата.
Со прифаќање на овие Општи услови, Корисникот потврдува дека ја прочитал и се согласува со Политиката за приватност и со начинот на кој Давателот на услугата ги обработува неговите лични податоци.
9.1. Верификуван корисник
Веб-страницата seprodava.mk овозможува постапка за доброволна верификација на корисничкиот профил. Верификацијата е опционална и се спроведува со цел да се овозможи пристап до дополнителни функции на веб-страницата.
За да стане верификуван корисник, корисникот треба доброволно да достави јасна дигитална копија (скенирана или фотографирана) од важечки документ за лична идентификација, како што е лична карта, пасош или возачка дозвола. Корисникот е одговорен за точноста и валидноста на доставениот документ. Давателот на услугата го задржува правото да одбие верификација доколку доставениот документ е нечитлив, невалиден или постои сомнеж за неговата автентичност.
Со самото прикачување на документот за лична идентификација и потврдување на барањето за верификација, корисникот дава своја изречна, слободно дадена согласност за обработка на неговите лични податоци содржани во документот.
Личните податоци добиени преку документот за идентификација ќе се обработуваат исклучиво за верификација на Корисникот.
Податоците нема да се обработуваат за ниту една друга цел, како што е директен маркетинг, без дополнителна изречна согласност од Корисникот.
Дигиталната копија од доставениот документ за идентификација ќе биде трајно избришана веднаш по завршувањето на процесот на верификација. Давателот на услугата ќе го задржи само податокот за статусот на верификација (на пр. „верификуван корисник“), името и презимето и датумот на раѓање, кои ќе се чуваат во системот сè додека корисникот има активен профил или додека не го повлече барањето за верификација.
Давателот на услугата не одговара за точноста и автентичноста на документите доставени од страна на корисникот. Корисникот ја сноси целата материјална и кривична одговорност за доставување на лажни, туѓи или невалидни документи. Корисникот е должен да ја надомести секоја штета што ќе настане за Давателот на услугата или за трети лица како резултат на неговите дејствија.
10.Ограничување од одговорност
Давателот на услугата не е одговорен за квалитетот, безбедноста, законитоста или сообразноста на производите и услугите кои се предмет на огласите. Целокупната одговорност за материјалните и правните недостатоци на предметот е на Корисникот.
Давателот на услугата не гарантира за идентитетот на Корисниците ниту за нивната способност да ги исполнат своите обврски. Давателот на услугата не одговара за било каква штета, директна или индиректна, која може да настане како резултат на трансакциите помеѓу Корисниците.
11.Заштита на конкуренцијата
На Корисниците им е строго забрането да ја користат Веб-страницата за склучување на забранети договори, договарање или усогласено однесување чија цел или последица е нарушување на конкуренцијата.
Забранети се договори или практики кои директно или индиректно ги фиксираат куповните или продажните цени, го делат пазарот или на друг начин ја ограничуваат слободната конкуренција.
Секој Корисник кој ќе ги користи услугите на Веб-страницата за анти-конкурентски цели ќе биде трајно суспендиран, а Давателот на услугата ќе соработува со Комисијата за заштита на конкуренцијата и другите надлежни органи.
12.Слики и видео клипови
Сликите и видео клиповите треба да бидат во согласност со производот или услугата која ја огласувате и не е дозволено да се користат во повеќе од еден оглас истовремено.
Сликите не смеат да содржат лого и имиња на компании, веб-страници или друга информација која може да се толкува како бизнис маркетинг.
Не е дозволено да се користат слики или видео клипови кои содржат материјал со авторски права, како што е заштитена музика, снимки од филмови, или друг заштитен материјал.
Seprodava.mk го задржува правото да ги отстрани сликите/видео клиповите од огласот, доколку ги прекршуваат правилата.
13.Огнено Оружје
Согласно Законот за оружје, потребна е дозвола за поседување на оружје. Сопственикот на оружјето мора да наведе во текстот на огласот дека е потребна дозвола за поседување на оружјето.
14. Известување за авторски права © 2025 seprodava.mk. Сите права се задржани.
Оваа веб-страница и целата нејзина содржина, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, софтверскиот код, структурата, дизајнот, текстовите, графиките, фотографиите, аудиовизуелните материјали и целокупната функционалност, претставуваат заштитено авторско дело во форма на компјутерска програма согласно член 95 од Законот за авторското право и сродните права.
Носителот на авторското право ги има сите исклучиви материјални и морални права врз ова дело. Согласно член 27 и член 96 од Законот, изрично се забранува секое неовластено:
- Умножување: Копирање, преземање, складирање или репродуцирање на кој било дел од кодот, дизајнот или содржината на оваа веб-страница во каква било форма и со какви било средства.
- Преработување: Преведување, адаптирање, модифицирање, декомпилирање, обратно инженерство или каква било друга преработка на компјутерската програма и нејзините елементи.
- Пуштање во промет: Дистрибуирање, продавање, изнајмување или на кој било друг начин ставање на располагање на трети лица на оригиналот или примероци од ова авторско дело.
- Јавно соопштување: Јавно прикажување, пренесување или на друг начин правење достапно за јавноста на делото без претходна писмена согласност од носителот на правото.
Секое дејствие спротивно на горенаведеното претставува повреда на авторското право и ќе биде предмет на граѓанска и кривична одговорност согласно важечките закони.
15.Измени на Општите услови
Давателот на услугата го задржува правото во секое време да изврши измени и дополнувања на овие Општи услови.
Доколку Корисникот продолжи да ја користи Веб-страницата по стапувањето во сила на измените, ќе се смета дека ги прифатил истите. Доколку Корисникот не се согласува со измените, должен е да престане со користење на услугите и да го избрише својот кориснички профил.