Мотокултиваторот Белини 125 е со бензински мотор од 9 кс и 270 цм3., а воедно има мала потрошувачка на гориво. Има 2 брзини за движење напред и 2 за движење назад. Наменет е за сите работни операции и потребите на малите и средните земјоделски стопанства.
Мотокултиваторот има цврста конструкција и јака тренсмисија (диференцијал).
Основната цена се однесува на мотокултиваторот со гумени тркала 4.00 х 8, фреза со максимална широчина од 1 метар и плуг за браздење.
Кон него може да се приклучат повеќе приклучни машини и алатки кои дополнително се доплаќаат: плугови за орање, плугови за вадење компири, влечен култиватор, роторзагрлувачи, неколку димензии на метални тркала, помпа за вадење вода, помпа за прскање, ротациона косилка, приколка и др.