Се издава куќа во комплекс со други 7 куќи со заеднична ограда бетонска и истата е оградена со метална зелена ограда со висина од 1м. Куќата е полунаместена со 2 кујни и плакари во собите. Греењето е со термо пумпа аристон на електрични греачи и на нафта. На едниот кат има 2 детски соби, спална и дневна, поткровје како остава со скали и подрум. Голем балкон и уште 2 балкони кај дворот и летниковец за правење на скара. Обезбедено паркинг место. Веднаш достапна за вселување.