Се изнајмува модерна, нова и пространа куќа со вкупна површина од 214 м2 (167 м2 + 47 м2), сместена на тивка локација во Бардовци.
Располага со приватен двор со зеленило, базен, како и две гаражни места.
Куќата е поделена на сутеренски дел, приземје и два ката.
Сутерен (47 м²): Посебен влез, две паркинг места и остава. Овој дел моментално е празен и може да се пренамени според вашите потреби.
Приземје: Пространа дневна соба и кујна-салон, со излез на тераса со поглед кон базенот и дворот.
Прв кат: Мастер спална соба со сопствен тоалет и гардеробер, како и гостинска соба. Двете спални соби имаат излез на тераса.
Втор кат: Две спални соби, секоја со сопствен тоалет и тераса.
Во предниот дел од куќата се наоѓа двор со зеленило, а во задниот дел од дворот се наоѓа базенот. Греењето и ладењето е со топлотни пумпи. Подно греење и фенкојлери на секој спрат.