Се продава стан на одлична локација, населба Козле, во близина на Веро 2, Тафталиџе. Станот се наоѓа во мала зграда на први кат, со ориентација кон југозапад. Располага со 2 спални соби, 2 купатила и пространа кујна со дневна соба и трпезарија. Има француски балкони кои може да се пренаменат. Реновиран е пред 2 години и се продава наместен. Греењето е на 2 инвертер клими, а има и сопствено парно на котел (струја).