Nissan Qashqai - неувезувано возило (прв сопственик)
8 900EUR
Неувезувано возило (прв сопственик): Nissan Qashqai
Година на производство: 2010
Изминати километри: 224.000km (последен сервис на 223.000km)
Регистрација и зелена карта до 20.06.2027
Мотор: 1.5dci 106hp (2wd) – рачен 6 брзини
Јас сум прв сопственик, возилото е купено во Автомотив Груп и има 224.000km. Колата е чувана многу домаќински. Механички е беспрекорна а сакам да ја продадам бидејќи купувам нова. Естетски има работи што можат да се средат без некои преголеми трошоци.
Најголем дел од километрите се направени на отворен пат. Последните 5 години не е возена многу. Колата има комплетна сервисна историја. До 170.000km е сервисирана во овластен сервис на Nissan а од тогаш ми ја сервисира Злате од Tuning Garage. Сервисите се правени еднаш годишно (обично во месец Мај) со уље MOTUL и филтри MANN. Просечна потрошувачка е околу 5-6 литри.
Ниво на опрема Acenta со дополнително сончев кров. Од друга дополнителна опрема би издвоил неколку работи што ги користам редовно: cruise control, speed limiter, Bluetooth, електрични ретровизори итн. Внатре е со многу пријатен беж ентериер. На летните гуми ова им е последна сезона а зимските се нови т.е. купени во Јануари 2025 и возени многу малку.
Продажна цена: 8.900 ЕУР – доколку си заинтересиран јави се на 070/32 99 20