Фирмата Агриа Центар дооел од Штип е официјален увозник, дистрибутер и сервисер во Македонија за мотокултиватори и мотофрези од брендот Белини.
На нашите клиенти (правни и физички лица) им нудиме мотокултиватори кои ги задоволуваат сите нивни потреби.
Благодарение на нашето долго искуство и познавања од оваа област секогаш можеме да одговориме на потребите на нашите клиенти.
Дел од нашиот асортиман се моделите: Белини 100, Белини 110, Белини 120, Белини 125.
Освен основните работни машини имаме голема палета на приклучна опрема, како и резервни делови.
Испорака до секое место во Македонија.
Мотокултиваторите се подигаат или испорачуваат монтирани, детално проверени, наполнети со масла и гориво - потполно спремни за работа.
Повелете во АГРИА ЦЕНТАР Штип - Единствениот центар за мотокултиватори Македонија!