Се продава Mitsubishi Space Star 1.0 (71 кс), произведен 2020 година, купен нов од салон и возен од прв сопственик.
Автомобилот е одлично сочуван, исклучително штедлив и идеален за градско возење.
Основни податоци:
• Година на производство: 2020
• Километража: 86.000 км
• Мотор: 1.0 Бензин (71 кс)
• Сервисна историја: Редовно одржуван исклучиво во овластен сервис (Мак Аутостар) од прв ден, каде што возилото поминува и комплетен технички преглед.
Ниво на опрема:
• Hill Hold Control (помош при тргнување на угорница)
• Сензор за дожд (автоматски бришачи)
• Сензор за светло (автоматски светла)
• Клима уред
• Електрика на предни прозорци
• Затемнети стакла (задно и задни странични), атестирани и внесени во сообраќајна.
Состојба и вложувања (без дополнителни трошоци за механика):
• 4 нови Sava All Weather комбинирани гуми (ставени пред 5 месеци)
• Нов Exide акумулатор (со уште 2 години гаранција)
• Ставени нови иридиумски свеќици Denso TT (без потреба од замена во следните 70.000 км)
• Предни дискови и плочки заменети пред 2 години
• Важно: На следната регистрација возилото е ослободено од технички преглед (согласно законот за нови возила).
Забелешка за состојбата:
Сè што е оштетено на возилото е исклучиво од несовесни возачи на паркинг (возилото НЕ учествувало во сообраќајна несреќа). Делови што беа оштетени (заден браник, задно стакло и десен ретровизор) се целосно заменети со оригинални делови во овластен сервис, а двете мали вдлабнатини на задната лева страна се исто така настанати од несовесни возачи на паркинг. На возилото има уште само благ знак на пожолтување на горниот дел од фаровите.